Српските фудбалери одолеваа на политичките провокации во пресрет на дуелот со Швајцарија на дел од противничките играчи со потекло од Албанија и Косово, но селекторот Младен Крстајиќ никако не може да го преболи синоќешниот пораз. Српскиот стратег е бесен поради недосудениот пенал над Митровиќ, па на својот инстаграм-профил објави порака со која максимално го исполитизира овој спортски натпревар.
„За жал, Србите изгледа се осудени на селективна правда. Некогаш проклетиот Хаг, денеска во фудбалот ВАР“ – напиша Крстајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА