Една од најдобрите македонски фудбалерки, Симона Крстаноска повторно ќе го облече дресот на ЖФК СЦ Истатов кој го носеше пред отпочнувањето на интернационалната кариера.
21-годишната Крстаноска во СЦ Истатов доаѓа од редовите на Олимпија Љубљана каде настапуваше изминатава година. Претходно во својата кариера има настапи и за Спартак Суботица.
„Со ангажманот на одличната македонска репрезентативка со меѓународно искуство тимот уште повеќе добива на квалитет и искуство потребно во битката на двата фронта во пролетниот дел од првенството“ – соопштија од ЖФК СЦ Истатов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА