Крсте Велкоски го засилува Работнички!

Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски, по завршувањето на осумгодишната фудбалска одисеја во Сараево повторно се враќа во дресот на својот Работнички.

Како што дознава ЕКИПА, веќе се заокружени преговорите меѓу двете страни па Велкоски и официјално повторно се враќа во клубот кој го вивна во професионалните фудбалски води. Поранешниот македонски репрезентативец, кој има 15 официјални настапи за македонската сениорска селекција, сега и тоа како ќе биде засилување за нападот на „романтичарите“ во новата прволигашка сезона.

34-годишниот Велкоски, кој потекнува токму од младинската школа на Работнички, претходно во својата кариера има настапи и за Металург на домашната фудбалска сцена, како и за романски Чеалул, кипарски Ениос Паралимни, и јужнокорејскиот Инчон јунајтед. Беше дел и од македонската репрезентација која минатата година учествуваше на своето прво историско Европско првенство.

Се вчитува...