Крсте Велкоски од Работнички се сели во Македонија ЃП

Искусниот 35-годишен фудбалер Крсте Велкоски, во пролетниот дел од сезоната во Првата лига ќе го носи дресот на Македонија ЃП. Досега Велкоски настапуваше за Работнички, откако претходно имаше долга интернационална кариера. Тој има и репрезентативно искуство, беше дел од националниот тим на ЕП 2021 година.

Велкоски долги години играше во Сараево, а беше дел и од Инчеон, Енози, Чеалул. Две години беше дел и од скопски Металург. За националниот тим на Македонија има 15 настапи, и без постигнат гол.

Македонија ЃП е најактивен тим на трансфер пазарот на крајот од годинава. Досега „лавовите“ се засили со Џонатан Балотели, Давид Родригез Лопез и Џонатас да Силва. Во пролетниот дел дресот на Македонија ЃП нема да го носат Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски.

Се вчитува...