Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски е и официјално промовиран во дресот на својот нов клуб, тајландскиот Након Рачасима.
Откако ја заврши авантурата во Јужна Кореја, Велкоски се одлучи да се пресели на Тајланд, во дресот на Након Рачасима каде треба да остане во наредниоте две години. Тренер на Крсте Велкоски ќе му биде српскиот стратег Милош Јоксиќ.
На Тајланд веќе подолг период настапуваат Дарко Тасевски и Марио Ѓуровски, како и Христијан Кировски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА