Крсте Велкоски стрелец против Железничар

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски беше стрелец на погодок за Сараево во големото градско дерби против Железничар. Сараево го доби дуелот со убедливи 0-3, а Крсте Велкоски погоди во 16.минута од натпреварот.

Сараево сега има 56 бода, девет повеќе од првакот Зрињски, кој има и меч помалку, и чекори кон шампионската титула.

Се вчитува...