Крсте Велкоски стрелец за Сараево

Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски беше стрелец на погодок во триумфот (3-1) на Сараево против Звијезда Градачац. Капитенот на босанскиот прволигаш во 27.минута успеа да се запише во листата на стрелците.

Сараево се наоѓа на врвот на табелата во првенството на БиХ по 18 кола со 40 бода, пет повеќе од Зрињски, тимот што го предводи Гоце Седлоски.

Се вчитува...