Крсте Велковски двоен стрелец во новата победа на Сараево (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски веќе има пет погодоци во дресот на Сараево по 13. коло во шампионатот на БиХ.

Велкоски беше двоен стрелец за Сараево во денешната победа од 0-6 на гостински терен против Младост.

Македонскиот офанзивец најпрво погоди во 36. минута за 0-3, а потоа капитенот на сараевци во 90. минута заокружи за конечни 0-6.

Сараево по 13 кола е на врвот во првенството со 30 бода, пет повеќе од второпласираниот Железничар.

Се вчитува...