Максимално мотивирани во таборот на прилепска Победа го очекуваат денешниот дуел од 22. коло во ПМФЛ против Шкендија во Тетово.
Крајно позитивно е расположението меѓу прилепчани, посебно по триумфот против Вардар. Па, со право се прашуваат зошто да не се повтори истото и во Тетово?
„По победата над Вардар во нашиот тим разбирливо владее крајно позитивна атмосфера. Знаеме сите што значи и колку е голема победата над шампионот.Сега во Тетово одиме растоварени, и тоа е наша предност. Шкендија ќе биде под притисок затоа што претходното коло дома одиграа нерешено. Тоа за нив е неуспех, а претходно во дербито загубија од Вардар. Во секој случај, се знае дека Шкендија е тотален фаворит но мислам дека и ние имаме шанса. Доста ги анализиравме неделава така да се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и дека можеме да освоиме еден, а зошто да не и три бода. Како професионалци треба и мора да веруваме во себе. Јас цел живот така сум влегувал во секој натпревар, па затоа зошто да не ја добиеме и една Шкеднија. Кога го победивме Вардар зошто да не ја победиме или да одиграме нерешено со Шкендија, што секако ќе биде голем успех за нас. Секако хендикеп за нас ќе биде неиграњето на стандардните првотимци Гешоски и Најдовски, но пролетва сме засилени на сите позиции имаме по двајца играчи и се надевам дека нивното неиграње нема да се почувствува во нашата игра“ – вели капитенот на Победа, Александар Крстески.
ПМФЛ – 22. КОЛО (денеска, 14 часот)
Скопје: ВАРДАР – БРЕГАЛНИЦА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА
Охрид: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА