Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа првиот пораз под водство на Александар Јончевски вечерва во словачкиот град Левице каде „црвено-жолтите“ загубија со 73-82 во квалификациите за Евробаскетот.
Бојан Крстевски одигра сосема добар натпревар во Левице, но на крајот тоа не се покажа како доволнида се продолжи победничката серија во вториот круг од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
„Штета за поразот, имавме добри моменти на натпреварот во Левице. Пред се на почетокот на третата четвртина, кога имавме отворени ситуации за шут, меѓутоа не ги реализиравме. Од друга страна противникот имаше одличен шутерски ден, заокружен со реализација на 14 тројки, во висок процент на реализација. Сите овие случувања во Левице ги оставаме зад нас. Впрочем и немаме многу време за анализа, уште помалку за одмор. Имаме и долг пат пред нас до Осло. Би сакал да ја повториме доминантната игра против Норвешка од натпреварпт во Гевгелија и да се радуваме на пласман во квалификациите. Мислам дека до заслужуваме тоа“, изјави Крстевски.
Македонија натпреварот против Норвешка ќе го одигра во недела со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА