ЕКИПА во Сарагоса,
Стеван Цаневски
Бојан Крстевски се појави на прес-конференцијата по денешниот пораз од Шпанија, потенцирајќи ја агресивноста на противничката одбрана како клучен фактор поради кој Македонија стигна само до 44 поени на дуелот во Сарагоса.
„Пред се честитки за Шпанците за победата. Добро го почнавме натпреварот, бевме одлични во нападот и во одбраната, но во втората четвртина беа многу поагресивни, ни создадоа проблеми со таквиот пристап, имаа лесни поени и резултатски се одлепија. Очигледно беше дека кратката ротација претставуваше проблем, но од друга страна ова е шанса и за овие млади играчи да ја почувствуваат атмосферата и да соберат искуство за предизвиците што ќе следат“, истакна искусниот центар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА