Крстевски: Шкендија и против Гостивар оди на триумф за зачувување на првото место

По убедливата победа над Воска спорт, фудбалерите на Шкендија утре на гостувањето против Гостивар на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе се обидат да ја продолжат низата успешни настапи и задржување на лидерската позиција на табелата.

Ване Крстевски вели дека атмосферата во тимот е одлично, што најавува нова квалитетна партија на црвено-црните.

„Атмосферата во тимот е навистина одлична. Секако дека сме пресреќни од убедливата победа над Воска, но тоа не ни дава за право да летаме во облаци, затоа што веќе сме во мислите кон мечот со Гостивар“ – вели Крстевски и дополнува:

„Гостивар е навистина квалитетен тим, но наша цел е да одиграме најдобро што можеме и да дојдеме до победа со која ќе го задржиме првото место на табелата“.

Офанзивецот на Шкендија верува дека може да ја продолжи гол-серијата почната од претходните натпревари.

„Секој се надева на позитивен резултат, треба да дадеме максимум на терен. Мислам дека од меч на меч играме се подобро, влегуваме во посакуваната форма, и верувам дека позитивната низа ќе ја продолжиме и утре. Среќен сум за голот на претходниот меч, па се надевам и посакувам серијата да ја продолжам и на следните натпревари“ – вели Ване Крстевски.

Се вчитува...