Крстовски донесе голема победа за својата Слога во мечот против Тузла

Македонскиот фудбалски интернационалец  Марио Крстовски беше херој на својата Слога во победата на гостувањето кај Тузла од 1-2.

Крстовски беше стрелец за првиот гол на својот тим, а асистираше на вториот. По мечот тој вели дека овој дуел веројатно им донесе опстанок во првата лига на Босна и Херцеговина.

„Голема победа денеска. Мислиме дека речиси сигурно обезбедивме опстанок, но ќе играме до крај за што повеќе бодови. Мило ми е за голот и асистенцијата, му помогнав на тимот да дојде до три важни поени“, изјави Крстовски. 

Се вчитува...