Круната на „вардарци“ се ’затресе’ во Тетово

Шкендија го совлада актуелниот првак Вардар со 2-0 во првото големо дерби што се одигра денеска во Тетово, на самиот старт од новата сезона во Првата лига. Вицепрвакот сосема заслужено стигна до трите бода и ја ’раздрма’ круната на „вардарци“ уште во самата најава за новата шампионска трка. Алими и Жуниор во второто полувреме беа стрелци на головите за Шкендија, а Гачевски и Грнчаров спасија најмалку уште двапати да се тресе мрежата на Вардар.

IMG_7470

Во Ѓорче Петров, Работнички и Ренова ремизираа без голови, и речиси и да немаше вистински шанси на овој натпревар.

rabotnicki - renova novi 5

Актуелниот шампион Вардар дојде на мегдан во Тетово по најавите на спонзорот Сергеј Самсоненко за повлекување, а и двата тима се во очекување на плејоф колото од Лигата на Европа. Шкендија ќе игра против Милан, а Вардар против Фенербахче. Тренерот Гоце Седлоски во првиот состав му даде шанса на младиот 17-годишен напаѓач Бојан Колевски, јасно ставајќи до знаење дека треба да се купи нов голгетер по продажбата на Балотели.

Ибраими и Хасани уште од почетокот најавија дека Шкендија е решена да оди на победа во големото дерби, а вардарци се бранеа. Во 17.минута, Марјан Радески зфати волеј – удар, а Гачевски го спаси својот гол со добра интервенција. Потоа возврати и Блажевски со силен шут, но Захов итервенираше одлично. Хасани се обиде од слободен удар, но не беше прецизен.

IMG_7170

Вардар издржа едно полувреме, но нападите на Шкендија уште повеќе се засилија во вториот дел. Шанси имаа Алими и Ибраими, а потоа дојде и водството на домаќинот.

Арменд Алими во 61.минута, упати вистинска „бомба“ од 25 метри и ја затресе мрежата на Гачевски. Само пет минути подоцна, Стенио Жуниор зголеми на 2-0. Хасани асистираше до Бразилецот кој уште еднаш погоди на вистинското место.

IMG_7399

Во Ѓорче Петров, Работнички и Ренова одиграа здодевен меч. Без вистински шанси, многу повеќе внимаваа да не се затресе нивната мрежа. Стефан Костов уште на самиот старт се закани со удар со глава, потоа Велинов и Кире Маркоски возвратија, но без ефект на спротивната страна. Сличен обид имаше и Александар Темелков.

rabotnicki - renova novi 6

Во 75.минута, Стојанчо Велинов нафрли од слободен удар, Кобетиќ ја одби топката, а сепак одбраната на Ренова беше поенергична од напаѓачите на „романтичарите“.

ПРВА ЛИГА, 1.КОЛОШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2-0РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 0-0УТРЕ, 17 ЧАСОТСИЛЕКС – СКОПЈЕПОБЕДА – ПЕЛИСТЕРШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Се вчитува...