Викендов во Кичево во организација на АКК Примо АВЈ ќе се вози првата кружна трка „КИЧЕВО 2018“ со која ќе стартува шампионатот на Македонија во автомобилизам на кружни патеки.
На патеката на воениот полигон во Кичево се очекува бројка од околу 25 натпреварувачи, а најавено е и присуство на гости од Косово.
Трката ќе се вози в недела на 15 јули, свеченото отворање е предвидено во 11:30 часот, а стартот на трката во 12 часот.
Согласно програмата на организаторите, утре е планиран и неофицијалниот тренинг од 11 часот, а потоа за 13 часот е закажан и официјалниот тренинг, пред неделните трки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА