Крвата не е вода: Куман го избра својот брат Ервин за помошник тренер

Роналд Куман, кој ќе го наследи Луис ван Гал како селектор на холандската фудбалска репрезентација по Светското првенство во Катар, го именуваше неговиот брат Ервин како помошник тренер, потврди Холандската кралска фубалска федерација (КНВБ).

60-годишниот Ервин Куман, кој имаше 31 настапи за холандската репрезентација беше заедно со својот брат дел од тимот кој го освои Европското првенство во 1988 година. Тој потоа беше помошник на Роналд кога тој беше менаџер на Евертон и Саутемптон, а беше и селектор на унгарската репрезентација.

За Роналд Куман, пак, работата со холандската репрезентација ќе биде прва по отказот кој го доби во Барселона оваа сезона.

Се вчитува...