„Крваво“ дерби меѓу Вардар и Силекс – „Жестоко“ настрада Бурхан Алији (ФОТО)

Повеќе од сериозна битка меѓу Вардар и Силекс во дербито на 11. коло од Втората лига – Запад кое се играше на стадионот „Петар Милошевски“ на тренинг центарот на ФФМ во Скопје.

Жестоката битка на двете страни во 80. минута донесе и сериозна повреда на фудбалерот од средниот ред на Силекс, Бурхан Алији чија аркада настрада при еден дуел со „вардарци“.

На крајот, на дербито сепак се радуваше Алији откако неговиот тим дојде до триумф од 1-2 со голот на Благоја Спиркоски во 90. минута.

 

Се вчитува...