Крваво утро на „Драгао“ – Навивач на Порто избоден до смрт, неговата девојка во критична состојба

Порто синоќа славеше на гостувањето кај големиот ривал Бенфика со 0-1 и со тоа ја осигура јубилејната 30. титула во португалскиот шампионат. Порто во неверојатен натпревар во Лисабон успеа да триумфира и на најдобар можен начин да стигне до нов трофеј во домашниот шампионат.

Навивачите на Порто по победата излегоа на улиците на овој град и до раните утрински часови ја славеа новата титула. Главната прослава беше на „Драгао“, но за жал заврши трагично.

Имено, португалските медиуми пренесоа дека еден од навивачите на клубот загинал на стадионот. Се работи за 26-годишниот Игор Силва кој бил избоден со нож од страна на друг навивач на клубот. Конфликтот меѓу двајцата почнал уште на мечот во Лисабон, а продолжи и по враќањето дома. Силва е избоден до смрт, а тешко е повредена и неговата девојка која се обидела да му помогне. Таа е префрлена во болница и се наоѓа во тешка состојба.

 

 

 

Се вчитува...