Големото истанбулско дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ беше прекинато во 59. минута при резултат од 0-0. Реванш полуфиналниот дуел во Купот на Турција беше прекинат поради скандалозно однесување на домашните навивачи кои со тврд предмет го погодија тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш. Тренерот на гостите заврши во болница добивајќи потоа пет копчиња на главата.
По инцидентот фудбалерите на Бешикташ се повлекоа од теренот, на кој останаа да чекаат играчите на Фенербахче. Но, потоа судијата означи крај на мечот…
По сето тоа се појавија и видео снимки кои покажуваат дека жестоко било и во тунелот на стадионот „Шукру Сарачоглу“. Наводно челниците на Фенербахче ги нападнале гостите од Бешикташ, а снимката експресно се рашири по социјалните мрежи.
Сосема е извесно дека Бешикташ на „зелена маса“ ќе добие службен резултат од 0-3. А, во тој случај ќе добие и финале во Купот, бидејќи на првата средба беше 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА