Севилја славеше на пријателскиот натпревар против Ливерпул со 2-1 како дел од турнеата во САД, но овој меч нема да биде запаметен по конечниот исход, туку по бруталниот старт на Њањон, кој во второто полувреме му ја скрши ногатња на младиот фудбалер на „црвените“, Ларуси.
И додека талентот на Ливерпул лежеше во агонија, шпанските фудбалери протестираа за „престрогата судиска одлука“, пред на сите да им стане јасно дека повредата на Ларуси е многу сериозна и тој на носилки да биде изнесен надвор од теренот.
Нолито ја доведе Севилја во водство, пред крајот на полувремето израмни Ориги, а конечните 2-1 во 90. минута ги постави Поцо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА