Кошаркарската федерација на Србија издаде соопштение за медиумите во врска со информациите за разрешувањето на селекторот Светислав Пешиќ.
„Кошаркарската федерација на Србија ја информира јавноста дека информациите што се појавија во одредени медиуми, а кои се однесуваат на разрешување на Светислав Пешиќ од функцијата селектор на машката сениорска репрезентација на Србија, се неточни. Светислав Пешиќ има договор со КСС до 30 септември 2025 година. Раководството на Кошаркарската федерација на Србија ќе разговара со селекторот во наредните денови, ќе го анализира резултатот од Европското првенство и ќе донесе одлука што е во интерес на српската кошарка и нашата репрезентација“ – се вели во соопштението од Кошаркарската федерација во која се дополнува:
„КСС стои зад селекторот Пешиќ, кој ги донесе последните два златни медали на нашата репрезентација, ја водеше Србија до почести во претходните две натпреварувања и го врати култот кон репрезентацијата и вербата кај навивачите. Кошаркарската федерација на Србија апелира до сите медиуми да ги проверат информациите поврзани со работата на Федерацијата и репрезентацијата со официјални извори пред објавувањето, со цел да се избегнат дезинформации што би можеле да и наштетат на српската кошарка. КСС ќе продолжи навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите релевантни одлуки и активности“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

