Иднината на КТМ во Мото ГП шампионатот е неизвесна поради финансиската криза низ која поминува компанијата.
Информациите од состанокот на доверителите одржан денеска во врска со стечајниот процес на КТМ, наведуваат дека проектот Мото ГП на брендот се планира да се прекине со цел да се намалат трошоците. Засега на австриската франшиза и е дозволено да продолжи да функционира во сегашната форма, а инвеститорите изразија желба да помогнат во стабилизирање на компанијата со вложување 700 милиони евра.
Тоа би покривало нешто повеќе од една третина од долгот, кој изнесува околу 1,8 милијарди евра, што секако е добар почеток за финансиското закрепнување. Прогнозите за отпуштања се ублажени и 300 наместо 500 луѓе ќе останат без работа, а платите за ноември и декември треба да бидат исплатени до јануари 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА