Кубацки најдобар во Инсбрук, Гранеруд пред победа на „Четири скокалници“

Полјакот Давид Кубацки е победник на третата етапа од новогодинешната турнеја „Четири скокалници“, откако триумфираше на скокалницата во Инсбрук.

Кубацки до победата стигна со скокови од 127 метри и 121.5 метри. Второто место му припадна на лидерот на турнејата Норвежанецот, Халвор Егнер Гранеруд, додека како трет заврши Анже Ланишек од Словенија.

Пред последниот натпревар Гранеруд останува на првото место со огромни 23.3 поени пред Давид Кубацки, додека трет е Анже Ланишек.

Последната скокалница од новогодинешната турнеја ќе се одржи во Бишсхофен, а на програмата е на 6. јануари.

Се вчитува...