ЕКИПА во Виена,
Стеван Цаневски
Чешка без конкуренција е репрезентацијата со која Македонија најчесто се среќаваше во минатата деценија, не само во квалификациите, туку и во групната фаза од овие натпреварувања. Затоа и нема премногу тактички изненадувања кога овие две селекции ќе излезат на мегдан, а на Чесите им е јасно дека никогаш не е лесно кога играат против Македонија. Го добија последниот дуел, во Вараждин со 25-24, но тоа беше дуел на кој поради повреда не настапи Кире Лазаров.
„Кога бев играч толку често се среќававме со Србија, сега како селектор ривал ни е Македонија. Мене лично ми е интересно, се гради интересна традиција од дуелите, има борба на терен, тактичко надмудрување… Ги победивме последниот пат, но тогаш го немаа Лазаров. Секој дуел е поинаква приказна, но едно е сигурно, ние ќе сториме се за да дојдеме до победата“, изјави Кубеш.
Секој ривал на Македонија има иста задача – како да го запре Кире Лазаров, тема на која чешкиот селектор има интересна дилема.
„Една работа треба да се разбере, Лазаров има беспрекорна комуникација со остатокот од тимот. Затоа и имате дилема, дали да тргнете понапред за да ги затворите неговите шутеви. Затоа што ако го сторите тоа, голема е опасноста дека ќе ги разигра останатите и тие ќе ја добијат битката“, вели чешкиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА