Најдобриот бугарски боксер во тешка категорија и следен предизвикувач на Ентони Џошуа за светските титули во три верзии, Кубрат Пулев, не стигнал да ја гледа победата на Тајсон Фјури над Деонтеј Вајлдер бидејќи наводно бил депортиран од САД во Бугарија. Поради проблеми со визата, Пулев бил депортиран на пат од Чикаго за Лас Вегас.
Пулев во САД се подговува за борбата со Џошуа која треба да се случи во јуни годинава во Британија, но и натаму проблем е точната локацијата. Бугаринот е задолжителен противник за Џошуа кој е носител на појасите во ВБА, ИБФ и во ВБО верзиите. Многу е веројатно победникот од тој меч потоа да се сретне со Тајсон Фјури.
Sources: Kubrat Pulev was deported from the U.S., to Bulgaria tonight due to a visa issue. He was boarding a flight from Chicago to Las Vegas to attend #WilderFury2. Pulev set to challenge Anthony Joshua for three heavyweight titles in the U.K., in June.
— Mike Coppinger (@MikeCoppinger) February 23, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА