Кудерметова е новата сензација на Ролан Гарос, ја елиминираше Возњаки

22-годишната Русинка, Вероника Кудерметова направи подвиг во првото коло на тенискиот грен-слем, Ролан Гарос елиминирајќи ја Каролине Возњаки. 68. тенисерка во светот го доби мечот од почентата рунда со 2-1 во сетови. Данката тргна силно и го доби воведниот сет без загубен гем, но Кудерметова во вториот сет беше подобра со 6-3 го одведе мечот ов решавачки трет сет кој го доби со идентични 6-3.

За руската тенисерка ова е само втор грен-слем турнир во кариерата, таа годинава беше елиминирана во првото коло на Aвстралија опен. Во следното коло ќе се соочи со победничката од мечот меѓу Диаз и Алби.

Претходно од Ролан Гарос се повлече Петра Квитоа, а во првото коло елиминација доживеа и Анжелик Кербер.

Се вчитува...