Кудус постигна гол кој долго ќе се врти по најавните шпици (ВИДЕО)

Летното засилување на Вест Хем Јунајтед, Мохамед Кудус се воспостави како топ трансфер за „чекичарите“. Ганецот блеска во дресот на премиерлигашот, а денеска на гостувањето кај Брентфорд го забележа вториот гол во елитното фудбалско натпреварување.

Кудус одлично се најде во шестнаестникот по нафрлената топка на Антонио и умешно го совлада противничкиот голман со „ножички“ за гол кој долго ќе се врти по најавните шпици.

Се вчитува...