Македонскиот ракометен шампион утре ќе му гостува на дански Алборг во 5. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Бекот на „црвено-црните“, Анте Кудуз вели дека добар е „шамарот“ кој го добија од Монпелје бидејќи успеале да се разбудат и да сфатат дека ниту еден противник не може да се победи лесно.
„Тие сигурно ќе одат на победа, но сигурно и ние тука нешто се прашуваме. Се подготвувавме добро. Ќе биде многу интересен натпревар. Доживеавме „ладен туш“ против Монпелје што е можеби и добро да добиеме еден таков „шамар“ и да се разбудиме. Секој натпревар е различен и сигурно и тие се подготвија подобро за нас од првиот меч. Се познаваме добро и двата тима и не очекувам да има големи изненадувања. Чекам еден цврст и борбен натпревар од двете страни“, изјави Кудуз.
Натпреварот меѓу Алборг и Вардар е закажан за утре со почеток во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА