Анте Кудуз прикажа одлична игра на својот прв официјален натпревар во дресот на Вардар, предводејќи ги „црвено-црните“ во триумфот од 24-20 над составот на Загреб.
Хрватскиот бек е задоволен од резултатот и покажаниот карактер на тимот, но гласно порачува дека Загреб никако не смее да се отпише пред реваншот што е закажан за 31 август.
„Посебно е чувството кога ќе се заигра пред навивачите во СЦ „Јане Сандански“. Прекрасно беше после толку време да се излезе на терен пред публика, уште повеќе што овде беа навивачите на Вардар, кои ни дадоа ветер во грб. Ова беше тежок меч, права машка борба од почеток до крај. Успеавме да ја одржиме предноста иако на моменти паѓавме, но покажавме карактер. Токму карактерот е она што го краси овој тим на Вардар, но свесни сме дека ништо не е готово. Не треба да брзаме бидејќи сите знаеме што е Загреб и колку може да биде опасен овој тим. Одиме таму како да е 0-0, јас лично така размислувам бидејќи секогаш верувам дека на секој нареден меч можеме да играме подобро отколку на претходниот“, изјави Кудуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА