Kукоч: Дрим тимот беше направен поради Југославија

Тони Кукоч зборуваше за Олимписките игри во Барселона во 1992 година, каде требаше да се сретнат два дрим тима. Натпреварите во Барселона требаше да дадат одговор дали е подобар американскиот или југословенскиот дрим-тим, но поради настаните од војната и распадот на Југославија тој судир никогаш не се случи.

Финалето потоа го играа Хрватска и САД, а златото го земаа Американците (117-85).

„За жал, целиот тој „дрим тим“ беше составен да игра натпревар против нас, Југославија. Бевме толку доминантни на неколку првенства… Светското првенство и Олимпијадата беа натпреварувања за Американците, Русите и ние. Откако ние Русите ги посрамотивме неколку пати, цел тој „дрим тим“ се направи поради финалето во Барселона“, рече Кукоч.

Заедно со Дражен Петровиќ и Дино Раѓа, Кукоч беше најистакнат поединец тоа време во репрезентацијата на Хрватска.

Се вчитува...