Тони Кукоч е четвртиот Хрват, по Крешимир Чосиќ, Дражен Петровиќ и Мирко Новосел, кој најде свое место во „Куќата на славните“ на ФИБА.
Хрватската легенда беше примен во „Куќата на славните“ на свечена церемонија која се одржа во Женева.
Покрај Кукоч, кој беше член на еден од најмоќните тимови во историјата на НБА, Чикаго булс на Мајкл Џордан, во друштвото на ФИБА беа примени и Шекил О’Нил, Мајк Берковиц, прославениот српски тренер Душан Ивковиќ, но и поранешната репрезентативка на СФРЈ, добро познатата Разија Мујановиќ, како и американскиот Дрим-тим од 1992 година.
Целата церемонија да мине и со забавни елементи се погрижи токму Кукоч, кој потсети на неговите најдобри денови…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА