Мирко Лазаревски (алпско скијање), Михаела Даноска (крос кантри/бијатлон) и Јана Куковска (уметничко лизгање) ќе бидат македонски претставници на Европскиот зимски младински олимписки фестивал (ЕЗМОФ) во Вуокати, Финска.
Игрите ќе се одржат во периодот од 20. до 25. март, а од олимпискиот комитет очекуваат висок спортски резултат од натпреварувачите.
„МОК информира дека по извршената комуникација и координација со Скијачката федерација на Македонија (СФМ), на ЕЗМОФ ВУОКАТИ 2022, кој ќе се одржи во периодот 20-25 Март 2022 година, СФМ ги потврди следните млади спортисти кои ќе учествуват на овие игри:
– Мирко Лазаревски (алпско скијање) – тренер Антонио Ристевски
– Михаела Даноска (Крос кантри/Биатлон) – тренер Ѓоко Динески
На овие игри, на предлог на Федерацијата за лизгачки спортови, за прв пат ќе настапи и најдобрата млада спортистка во уметничко лизгање, а тоа е:
– Јана Куковска (уметничко лизгање) – тренер Даниела Стоева.
Мирко Лазаревски и Михаела Даноска беа Олимписки стипендисти на МОК и добиваа по 1500 американски долари секој месец во изминатите три години и МОК реално од нив очекува висок спортски резултат во Финска.
Јана Куковска, за која МОК обезбеди 4000 американски долари за подготовки е секако голем спортски потенцијал во уметничко лизгање од кој МОК сериозно очекува да го пружи своето најдобро во пресрет на следните зимски Олимписки игри Милано – Кортина 2026“, стои во соопштението на МОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА