Македонскиот суперлигаш Пелистер утре против Металопластика на госински терен ги продолжува обврските во регионалната СЕХА лига. Бекот на тимот од Битола, Дејан Кукуловски вели дека иако немаа многу време за подготовка одат на победа во Шабац.
„Добро се чувствувам, се враќам од повредата. Малку поспоро одеше враќањето, но не е нешто сериозно и ќе бидам спремен за следните натпревари. Немавме многу време да се спремаме за Металопластика, но одиме во Шабац по победа. Нема да биде лесно, Металопластика е одлична екипа, но се спремаме колку што имаме време и тоа е тоа. Добро сме спремни, се враќаме во ритам, се враќаат репрезентативците. Ние играме на секој натпревар на победа, па што биде нека биде“, вели Кукуловски.
Натпреварот меѓу Металопластика и Пелистер кој ќе се игра во Шабац е закажан за утре со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА