Челзи постигна договор со Марк Кукуреља за продолжување на неговиот договор. Шпанскиот репрезентативец имаше одлични настапи минатата сезона, постигнувајќи седум гола и задавајќи три асистенции. Тој беше клучен во триумфите на „сините“ во Конференциската лига и Светското клупско првенство, како и во нивното враќање во Лигата на шампионите.
Тековниот договор на Кукуреља е до 2028 година, но Челзи сака да го задржи на подолг период. Ова лето имаше интерес од Ал-Наср во Саудиска Арабија, но Лондончани го сметаат за важен играч и немаат намера да се разделат од него.
Шпанецот дојде во Челси во 2022 година од Брајтон. Претходно беше дел од Гетафе и Еибар, а беше дел и од Барселона, но без ниту еден настап за „Каталонците“. За Шпанија Кукуреља одигра 17 натпревари, главно сите на Европското првенство 2024 година, кога го освои големиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

