Кукуреља очајно сакал трансфер во Сити: Кога Гвардиола ќе те побара, ќе клекнеш ако треба и на колена

Дефанзивецот на Челси, Марк Кукуреља призна дека очајно сакал да биде дел од Манчестер Сити. Тој рече дека имал таква можност пред да потпише за Челси, па дури кажа дека бил подготвен да „клекне на колена“ само да се оствари трансферот.

На крајот овој трансфер не се реалзиирал, затоа што Сити не најде заеднички јазик со Брајтон за потпис на Шпанецот, по што овој замина во Челси.

„Манчестер Сити сакаше да ме купи пред да потпишам со Челси. Тимот беше еден од најдобрите во светот. Сакав да одам таму. Клуб како Сити кога ќе дојде кај тебе, кога Гвардиола ќе те повика, ако треба ќе клекнеш и на колена. Сепак, клубовите на крајот не постигнаа договор“, рече шпанскиот репрезентативец.

Се вчитува...