Шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља, откри дека играше ненамерно со рака на натпреварот со Германија на ЕВРО 2024 година. Во четвртфиналето, видливо беше дека бекот играше со рака, но судијата Ентони Тејлор се реши да не покаже на белата точка.
ВАР системот на интервенираше при оваа ситуација, а на крајот мечот заврши со победа над Шпанија со 2-1.
Судискиот комитет на УЕФА призна дека Тејлор погреши што не досуди пенал.
„Да, за мојата игра со рака се зборуваше низ целиот свет. Всушност, УЕФА неодамна ни дојде со извештај и го искористи тоа на натпреварот со Германија како пример. И ми рекоа дека поради мене морале да ги променат правилата. Не, не беше намерно. Топката ме удри, но не сакав да ја удрам со рака. Ако го сторев намерно, ќе бев најомразената личност во Шпанија“, рече дефанзивецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

