Фудбалерот на Челси и шпански репрезентативец, Марк Кукурела, не крие дека би бил импресиониран еден ден да игра во Барселона и дека би било тешко да одбие покана, доколку дојде, но дека во моментов е максимално фокусиран на Челзи .
Каталонецот покажа и во меѓусебните дуели против Барселона дека клубот каде што ги поминал помладите години лесно се откажал од него, но неговата љубов кон шпанскиот гигант не згаснала.
„Ако ме повикаат, тешко е да се каже не, но во моментов не размислувам за тоа. Очигледно е тешко да се одбие таква понуда, ако се појави, но ќе морам внимателно да ја разгледам и да разговарам со моето семејство. Во моментов не размислувам за тоа, а ако се случи, ќе видиме каква одлука ќе донесеме. Шпанија е мојата земја, местото каде што пораснав и отсекогаш сум замислувал да се вратам таму, но многу сум среќен таму каде што сум и би го оставил тоа сценарио за уште неколку години“, беше јасен Кукуреља, кој има договор со Челси до летото 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

