Марк Кукурелја неочекувано се наметна како стандарден првотимец во шпанската репрезентација, откако фудбалерот на Челси со две перфектни партии против Хрватска и Италија ги затна устите на злобниците кои го критикуваа селекторот на „црвената фурија“ што му дава предност на него пред Грималдо од Баер Леверкузен.
Максималното залагање и добрите партии придонесоа Кукурелја да стане миленик на шпанските фанови на ова ЕП, а искусниот дефанзивец не го крие задоволството.
„Јас сум човек кој секогаш дава се од себе. Никогаш нема да се штедам, секогаш ќе сторам се што можам за да помогнам тимот да победува. Морам да признам, не се случува често да слушнам како навивачите го скандираат моето име за време на натпреварите, многу уживав кога тоа се случи на овој европски шампионат“, изјави Кукурелја.
Дефанзивецот на Челси говореше и за приватниот живот, тој и сопругата имаат три деца, од кои едното е аутистично, а Кукурелја реши отворено да проговори на оваа теема.
„Не е лесно. Тие деца се специјални и мораш да најдеш вистинско место за нив. Тоа беше главниот проблем, не можевме да најдеме такво место, сега имаме перфектно училиште во Лондон и напредокот кај него е огромен. Сите сме многу среќни поради тоа. Овие деца се специјални, имаат своја дневна рутина, различни се на некој свој начин, но исто така се и неверојатни. Животот со аутистично дете направи поинаку да гледам на се околу себе. Навистина е, знае да биде потешко на моменти, но кога ќе остварите нешто заедно, задоволството е многу, многу поголемо“, истакна Марк Кукурелја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА