Шпанскиот бек Марк Кукурелја беше еден од најистакнатите во импресивната кампања на „црвената фурија“ на Европското првенство во Германија. Левиот бек на Челси имаше интересно ветување ден пред финалето на ЕП.
Во интервју за шпански „Мундо депортиво“, Кукурелја изјави дека, во случај Шпанија да го освои трофејот, ќе ја обои косата во црвена боја. И не само што победи Шпанија, туку и Кукурелја му асистираше на Микел Ојарзабл за победничкиот гол на крајот од мечот.
На Кукурелја не му преостана ништо друго освен да се пофали со новата боја на коса на социјалните мрежи.
👏🏼🔴¡PROMESA CUMPLIDA, @cucurella3!
🏆Se TIÑE el pelo de ROJO tras GANAR la #EURO2024 con la Selección. pic.twitter.com/BsVMl79ZL4
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) July 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА