Кукушкин носи водство за Казахстан во четвртфиналето во Дејвис купот против Србија

Микаел Кукушкин во крајно интересен дуел успеа да слави против Миомир Кецмановиќ со 2-1, по сетови 7-6, 4-6 и 7-6 и да му донесе на Казахстан водство од 1-0 во четвртфиналето од Дејвис купот против репрезентацијата на Србија.

По тешка борба првиот сет го доби Казахстанецот во тај-брејк. Во вториот Кецмановиќ возврати со 6-4, а во третиот видовме вистинска борба. Прво Кецмановиќ на 5-4 не успеа да искористи две меч топки, а потоа во тај-брејкот следуваше рововска битка во која за нијанса беше подобар Казахстанецот (13-11).

Во вториот меч првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Александер Бублик.

Се вчитува...