Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски се соочува со нови проблеми околу креирањето на составот против Ерменија во Ереван за стартот на новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2019 во Италија.
Младите активно ги одработуваат тренинзите по пристигнувањето во Ереван пред утрешниот дуел, меѓутоа неизвесност носат членот на австралиски Сиднеј, Никола Кулески како Емил Абаз од Спартак Суботица, кои поради стомачен вирус пропуштија дел од тренинзите.
„Кулески и Абаз од вчера се вклучија во тренажниот процес, но ќе видиме колку тоа ќе се одрази на натпреварот. Останатите репрезентативци се подготвени“ – вели за ЕКИПА од Ереван, селекторот Милевски.
„Свесни сме дека не чека тежок натпревар, но знаеме дека мора соодветно да одговориме на предизвикот“.
Натпреварот меѓу Ерменија и Македонија, прв за нас од новиот квалификациски циклус, се игра утре со почеток од 17 часот на стадионот на Академијата на Ерменската фудбалска федерација во Ереван.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА