Манчестер јунајтед има очаен почеток на сезоната во Премиер – лигата, далеку е од трката за шампионската титула, му преостанува грчевито да се бори за четвртата позиција на табелата која носи пласман во Лигата на шампионите. Една од најболните точки во составот на Жозе Мурињо е одбраната, па раководството на клубот ќе се обиде да ја спаси ситуацијата со ангажман на нов елитен дефанзивец. Голем предизвик е и осминафиналниот дуел во ЛШ против Пари Сен Жермен.
Калиду Кулибали е „избраниот“, а за него Манчестер јунајтед е подготвен на Наполи да му плати 90 милиони фунти и да го доведе во зимскиот преоден рок. Мурињо успеа да го убеди раководството на клубот дека му се потребни нови квалитетни фудбалери за да се подобрат резултатите на тимот во продолжението од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА