Кулибали потпишува за Челси!

Калиду Кулибали ќе биде предводникот на одбраната на Челси во наредната сезона, откако англискиот премиерлигаш ги договори начелно деталите за ангажман на сенегалскиот дефанзивец од Наполи.

„Наполитанците“ до лани бара и до 100 милиони евра за својот најдобар дефанзивец, но ситуацијата се промени, Кулибали сега има само уште една година од валидниот договор, со што неговата цена значајно се намали. Јувентус долго време преговараше за да го убеди овој фудбалер да дојде во Торино, но тој остана доследен дека од почит кон навивачите на „старата дама“ нема да се пресели кај омразениот ривал.

Целата ситуација ја искористија челниците на Челси, кои се договорија со Наполи висината на трансферот да изнесува 40 милиони евра. На Кулибали му беше понуден четиригодишен договор за почетни шест милиони евра по сезона, плус бонуси, па се очекува сенегалскиот репрезентативец во текот на оваа седмица да се пресели и официјално на „Стемфорд бриџ“.

За потсетување, Челси летово остана без Ридигер (се пресели во Реал Мадрид) и Кристенсен (замина во Барселона), кои без никаква отштета го напуштија лондонскиот клуб. Цезар Азпиликуета исто така се наоѓа на излезна врата, па „сините“ ќе мора да доведат уште еден нов дефанзивец покрај Кулибали. Се очекува тоа да биде Нејтан Аке од Манчестер Сити, за кого „граѓаните“ бараат отштета од 40 милиони евра.

Се вчитува...