Кулибали жртва на расизам: Ми велеа дека сум е*ен мајмун

Натпреварот меѓу Фиорентина и Наполи од седмото коло во Серија А во кој гостите славеа со 1-2 остана во сенка на катастрофалното однесување на навивачите од Фиренца кои на расна основа го навредуваа Калиду Кулибали.

По мечот на социјалните мрежи се огласи и дефанзивецот кој откри што му било дофрлувано во текот на мечот.

„Е*ен мајмуне. Така ме викаа. Тие луѓе немаат никаква врска со спортот. Мора да бидат идентификувани и да им се забрани да посета на стадион засекогаш“, напиша Кулибали. 

Се вчитува...