Дејан Кулушевски е најновата желба на Наполи, откако претседателот Аурелио де Лаурентис стартувал преговори со Аталанта за ангажман на шведскиот интернационалец со македонко потекло. „Наполитанците“ се во потрага по засилување на средниот ред, приоритет беше Тореира од Арсенал, но Артета не сака ни да чуе за продажба на ургвајскиот играч за врска во јануарскиот преоден рок.
Во таква ситуација, првиот човек на Наполи го насочи вниманието кон Кулушевски, кој игра во извонредна форма во дресот на Парма. „Наполитанците“ би можеле целосно да го откупат неговиот договор со Аталанта и да ја скратат позајмицата во Парма, но почетната понуда од 25 милиони евра се чини недоволна за такво нешто. Сепак, медиумите блиски до клубот од Неапол тврдат дека преговорите ќе продолжат и во следниот период, се со цел Де Лаурентис да му ја исполни желбата на Гатузо и да донесе квалитетен играч за врска на „Сан Паоло“.
Доколку трансферот се реализира, Кулушевски би заиграл во средниот ред крај Елиф Елмас, македонскиот репрезентативец кој минатото лето пристигна од Фенербахче во Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

