Антонио Конте успеа да го препоради Тотенхем и во конкуренција со Арсенал, Манчестер Јунајтед и Вест Хем да се најде во игра за место кое води во Лигата на Шампионите следната сезона. За истото на „петлите“ ќе им биде потребна победа во последното коло од Премиерлигата над Норвич, а со оглед на формата само чудо може да го спречи лондонскиот состав во својата намера.
Новиот настап во најелитното фудбалско натпреварување ќе донесе и нови играчи на „Хотспур“, а англиските медиуми пренесуваат дека Конте сака да ги задржи и Дејан Кулушевски и Кристијан Ромеро кои го засилија тимот на позајмица со можност за откупување на договорот.
За напаѓачот со македонски корења кој настапи на 17 натпревари во Премиерлигата, а притоа постигна три гола и запиша осум асистенции Тотенхем ќе треба да издвои 35 милиони евра до Јувентус, додека за стоперот кој пристигна од Аталанта 45 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА