Дејан Кулушевски, екс македонскиот младински репрезентативец и актуелен член на шведскиот национален тим, зборуваше за Златан Ибрахимовиќ, но ја спомена и Македонија.
Тој кажа дека Македонија за него е многу важна, но дека ја одбрал Шведска поради тоа што пораснал во таа земја.
„Македонија е многу важна за мене и моето семејство. Мојата мајка вели дека никогаш нема да заборавиме од каде се моите корени. Одам таму секое лето и ми се допаѓа. Отсекогаш сум велел кога би можел да играл и за Шведска и за Македонија, би го сторил тоа. Но, морав да бирам, и ја одбрав Шведска, затоа што пораснав таму. Подготвен сум да и помогнам на Шведска да избори пласман на Светското првенство“, рече Кулуишевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА