Експертот за трансфери Фабрицио Романо, тврди дека Тотенхем одлучил да го откупи договорот на Дејан Кулушевски од Јувентус за 30 милиони евра. Наводно има таква клаузула во договорот за појзамица меѓу двата тима, кој чинеше 10 милиони евра, со што тимот од Лондон ќе ја активира откупната клаузула и ќе го ангажира.
Кулушевски има договор за позајмица до јуни 2023 година, а потоа може да биде откупен. Меѓутоа веројатно Антонио Конте одлучил уште ова лето да ја активира клаузулата и Дејан да потпише перманентен договор. Според последните информации, и Јувентус би немал ништо против да добие 30 милиони евра за Кулушевски, со што ќе врати дел од парите кои ги потроши за ангажман на Душан Влаховиќ.
Кулушевски во 11 натпревари има два гола и четири асистенции во дресот на Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА