Куман бара фудбалер кој ќе може да даде гол

Барселона синоќа со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај „фенерџијата“ во Ла лига, Хуеска. Единствениот гол на натпреварот го постигна Френки де Јонг, човек на кој давањето голови и не му е примарна работа. Роналд Куман уште еднаш повтори дека неопходно во тимот му е напаѓач, човек кој работа му е да дава голови.

„Нови фудбалери? Нема веќе да повторувам тоа што го кажав неколку пати, односно дека ни е потребен човек кој ќе дава голови“, изјави Куман. 

Како главен кандидат за нов фудбалер на Барселона се споменува напаѓачот на Олимпик Лион, Мемфис Депај.

 

Се вчитува...