Куман: Да си признаеме – ПСЖ беше многу подобар

Неговиот тим беше поразен со 1-4, па на Роналд Куман по мечот не му преостана ништо друго освен да му честита на ПСЖ на доброто издание и заслужената победа.

Стратегот на Барселона беше искрен во првата изјава по мечот, признавајќи дека неговиот тим е далеку од нивото на игра што вечерва го прикажаа „светците“ од Париз.

„Во првото полувреме успеавме да парираме. Сепак, да си признаеме – ПСЖ беше многу подобар, во второто полувреме целосно доминираше и беше крајно ефикасен во своите шанси, особено Мбапе. Беа супериорни во однос на нас на физички план. Мораме да ја прифатиме болната вистина – играа подобро, покажаа дека се покомплетен тим од нас. Кога ќе се загуби со 1-4 дома јасно е дека немате речиси никакви шанси за пласман во следната рунда“, изјави Куман.

Се вчитува...